Инспекторатот на град Скопје изврши вонреден инспекциски надзор, по претходно укажување на граѓани, во водата на Усјанскиот канал и зема примероци од три мерни места.
Исто така заради утврдување на изворот на обојувањето на водата во Усјанскиот канал во координација со ДИЖС направен е увид и земена е мостара од испустот на пречистителната станица лоцирана во кругот на фабриката Цементарница УСЈЕ АД.

Од страна на овластениот инспектор за животна средина на Град Скопје изготвен е записник на кој присутните лица Државен инспектор од ДИЖС и лице претставник на Цементарница УСЈЕ АД немаа никакви забелешки. Мострите се испратени на анализа во Центар за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација и Централната лабораторија при МЗСПП. Од анализираните примероци утврдено е отстапување од гранични вредности утврдени со Правилникот за условите начинот и граничните вредности на емисија за испуштањето на отпадните води по нивно прочистување, начин на нивно пресметување, имајчи ги во предвид посебните барања за заштита на заштитните зони (Сл.РМ. 81/2011) Евидентирани се надминувањата на Нитрати и Сулфати.

Инспекторатот на Град Скопје ја достави целокупната документација до ДИЖС за понатамошно постапување бидејќи се работи за инсталација која поседува А – Интегрирана еколошка дозвола.
