Црногорскиот министер ја објави висината на профитот од туризмот годинава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економски развој и туризам на Црна Гора Горан Ѓуровиќ соопшти дека во првата половина од годинава се остварени 453 милиони евра приход од туризмот.

Никогаш подобри приходи од туризмот за првите шест месеци – неверојатни 453 милиони евра, објави Ѓуровиќ на социјалната мрежа Х (Х), порано Твитер.

Тој тврди дека приходите во првите шест месеци од годинава се за 90 отсто поголеми од 2022 година, а за 78 отсто од 2019 година.

Како што ветивме, одиме кон рекордна сезона. Црна Гора е на добар пат, изјави Ѓуровиќ.