Цветковска по објавата на „Нечиста крв“: Не контактираа граѓани од Македонија и Косово кои имаат поднесено кривични пријави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера во јавноста одекна документарецот насловен „Нечиста крв“, објавен од страна на ИРЛ (Investigative Reporting Lab).

Според документарецот, во Македонија се правеле експерименти врз живи луѓе заразени со коронавирус.

На оваа тема денес во „10 Минути“ на ТВ21 разговаравме со новинарката Сашка Цветковска, која е дел од тимот на ИРЛ.

ВИДЕО: Во Македонија се експериментирало на живи луѓе заразени со Ковид кои потоа умирале!? Интрa-хоспиталните инфекции не се пријавувале!

Цветковска вели дека обвинителството досега не ги контактирало, но ги контактирале граѓани од Македонија и Косово кои веќе имале поднесени кривични пријави.

Додава дека имаат сознанија за 5-6 кривични пријави, но не може да навлезе во тоа зошто досега не се реагирало.

„Една од причините која ја наведуваат обвинителите е дека институциите не постапуваат по нивните жалби и потоа граѓаните немаат со што да отидат во обвинителството“, вели Цветковска.