Туристичката комора на ССКМ бара одложување на примената на ЕЕЅ системот на грчките граници во летната сезона

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Примвремено одложување на системот Entry/Exit System (EES) на граничните премини со Грција бара Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ). Тие упатија официјално барање до Министерството за туризам на Република Грција да биде одложена примената на системот од 1 јуни до 1 семптеври, со цел да не се создаваат огромни колони на граничните премни.

Туристичкиот сектор во Македонија предупредуваше дека евентуалнат апримена на системот во екот на туристичката сезона, може да предизвика сериозни застои и чекања од повеќе часови, со оглед на фактот дека Грција е омилена дестинација на Македонците и Србите.

„Грција е најзначајна туристичка дестинација за граѓаните на Македонија, а непречениот проток на патници е од суштинско значење за одржување на стабилноста и развојот на туристичката индустрија. Затоа барање разбирање и разгледување на можноста за временско одложување на имплементацијата на системот во текот на најфреквентниот период“, велат од Туристичката комора на ССКМ.