Поради расправија меѓу четворица патници, турскиот авион на линијата Анталија-Астана принудно слета во Ерзурум.
И покрај напорите на стјуардесите на авиокомпанијата Пегасус да ги смират патниците кои ја започнале расправијата, конфликтот прераснал во тепачка, објави турскиот портал Sozzu.
Пар од Украина и две патнички од Казахстан се скарале само неколку минути по полетувањето на авионот, а причината за конфликтот сè уште не е позната.
