Турција го совлада Косово и се пласираше на СП, БиХ ја остави Италија без уште еден Мундијал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на Турција се пласираше на Светското првенство, откако вечерва славеше минимален триумф над Косово во Приштина со 0-1. Голот вреден победа и пласман на Мундијал го постигна Артукоглу во 53. минута од средбата.

На Мундијал патува и селекцијата на Босна и Херцеговина, која ја шокираше репрезентацијата на Италија победувајќи ја на пенали со 4-1. По регуларниот дел беше 1:1, а потоа БиХ успеа да ги реализира сите четири пенали, додека Италијанците од три, постигнаа само еден погодок и така остана без уште едно Светско првенство после 2018 и 2022 година.

Чешка по пенали ја совлада Данска и се пласираше на Светското првенство, а Шведска исто така со домашната победа над Полска од 3-2 обезбеди учество на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.