Турција ќе гради ѕид долг 8,5 километри на западната граница со Грција со цел да ги заштити своите граници, изјави Јунус Сезер, гувернер на турската западна провинција Едрене.
Сезер рече дека Турција ќе го гради ѕидот во согласност со понатамошниот развој на ситуацијата.
Градоначалникот на Едрене во септември минатата година рече дека изградила 325 километри патишра долж границата со Грција, а годинава продолжиле работите на изградба на електрооптички столбови, како и други мерки за заштита на границата.
