Турција ја зголеми цената на струјата за повеќе од 100 %

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турција од денеска ја подигна цената на електричната енергија за 50-100% за домаќинствата и компаниите и повторно ги зголемила сметките за природен гас.

Тоа дополнително ја оптовари економијата која се соочува со растечка инфлација. Регулаторната управа за енергетскиот пазар соопшти дека цената за електрична енергија е зголемена за 50% за домаќинствата со ниски примања и мала потрошувачка, додека зголемени за повеќе од 100% за комерцијални корисници од голема потрошувачка.

Цената на природниот гас се зголеми за 25% за станбена, и 50% за индустриска употреба, соопшти националниот добавувач БОТАС. Исто така 15% покачување има и за индустриското производство на електричната енергија.

Инфлацијата во Туција се зголеми 21% во ноември и се очекува таа да надмине и 30%.