ТВ21 на терен со кичевската полиција – зголемени контроли на магистралниот пат што минува низ селата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е магистралниот пат кој минува низ кичевските села. ТВ21 за време на викендот излезе на терен со сообраќајната полиција, со оглед на тоа што овие денови овој магистрален пат е најфреквентен бидејќи граѓаните патуваат кон Струга и Охрид.

Патните табли покажуваат дека дозволената брзина на возење изнесува 60 км/ч бидејќи стануива збор за населени места.

За да видиме дали се почитуваат правилата, уште во 8 часот наутро, со опрема за мерење на брзината, сообраќајната полиција беше на терен знаејќи дека овде возачите возат над дозволената брзина.

Полиција: Добар ден господине, возачката дозвола и документите ве молам?

Полиција: Ја поседувате целата опрема?

Возач: Да, се имам.

Полиција: Добро, повелете. Пријатен ден и среќен пат.

За контрола на работата на полицијата и за преземените мерки до сега, дојде и одговорниот на смена, кому му  рапортираат полицајците.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски рече дека во првите 5 месеци од 2020 имало 67 сообраќајни незгоди, а во првите 5 месеци од 2021 бројот се искачил на 78.

-Ве известувам дека на подрачјето на Кичево, во првите 5 месеци од 2021 година, случени се 78 сообраќајни незгоди во кои нема жртви а 7 лица се здобиле со тешки телесни повреди. Во истиот период минатата 2020 година, случени се 67 сообраќајни незгоди со 3 жртви и 9 тешко повредени лица. Сообраќајните незгоди се случиле поради пречекорување на дозволената брзина при управување со моторно возило. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, континуирано презема мерки и засилени акциски контроли со цел почитување на сообраќајните правила и прописи и подигнување на сообрачајната безбедност и во тие рамки ги санкционира возачите кои ги прекршуваат одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата-вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

Најголем дел од овој пат минува низ кичевските села. Бидејќи постои зголемена опасност за жителите во близина, дозволената брзина е 50-60 км/ч. Во текот на летото магистралниот пат е уште пофреквентен а полицијата е принудена почесто да патролира овде и да ги запира возачите кои не ја почитуваат дозволената брзина што може да биде причина за незгоди во сообраќајот.