Во кафулиња и на плоштад. Вака граѓаните ја одбележаа 30-годишнината од независноста на државата. Ги прашавме што направи Македонија за нив, а што тие за неа? Овие тројца пензионери и пријатели денешниот ден го одбележаа во кафуле. Велат дека направиле многу за државата, а таа ги наградила со пензија.
Има и разочарани…
-Имам 74 години, а пензија не ми даваат бидејќи имам стар автомобил. За некого државата е добра. Оној кој има врски добро, но оној кој нема, има мака-
-Јас имам 35 години стаж, а земам 10.000 денари пензија. Дали е во ред тоа? Не можеш едно чоколадо да купиш на внукот или внуката.
-Ниту Македонија направи нешто за мене, ниту пак јас за неа!
-Зошто?
-Па кога државата не ме поддржува, зошто јас да ја поддржувам неа?
-Ниту Македонија за нас, ниту ние за неа.
Иако со поделени мислења, сите ги обединува желбата за подобри и посветли денови за Северна Македонија.
