ТВ21: Поддршка за Михајлоски, но и сите колеги од Канал 5, издржете со вас сме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Медиумите се соочуваат со сериозен предизвик и работа во услови кои досега не беа познати. Вирусот не познава граници, не бира кој ќе го зафати. На првата борбена линија се медицинските лица, кои секојдневно се борат за да спасат живот, а медиумите можеби овој период веќе не се седма сила, туку рамо до рамо со здравствените работници.

Исклучок во ситуацијата, не беше и колегата Гоце Михајлоски од Канал 5 телевизија. Како професионална и одговорна компанија, ТВ21 посакува што побрзо опоравување на колегата кој ниту сакал да биде заразен, а најмалку пак тој да биде трансмитерот и евентуално заразување на трети лица. Целосна поддршка од сите нас до колегата Гоце Михајловски и сите останати колеги во Канал 5. Издржете, со вас сме, ќе помине и ова.

ТВ21 во своето работење од самиот почеток на пандемијата, воспостави посебен режим на работа и секојдневно се трудиме да ги извршуваме работните активности со цел навремено и точно информирање на јавноста во овие тешки моменти за целиот свет.

Да бидеме свесни и сериозни во ситуацијата која се наоѓаме, да ги слушаме препораките и да не се плашиме. И ова ќе помине, никој не е сам, а ние сме појаки од коронавирусот.

Чувајте се себе и другите!

ТЕЛЕВИЗИЈА 21