ТВ21 денеска ја посети куќата на семејството на еден од напаѓачите во вчерашниот терористички напад кој се случи во Виена.
Имено, роднините не сакаа да зборуваат пред камерата, но за ТВ21 велат дека Кујтим Фејзули неодамна покажал агресија, па затоа е изолиран од семејството.
Според членовите на семејството, Кујтим често доаѓал во селото Челопек за време на летниот и зимскиот распуст.
