Ова е уништувањето предизвикано од руското бомбардирање врз Бородијанка, гратче во близина на Киев.
Запалени згради и болни приказни на луѓе кои се принудени да ги напуштат домовите по руската агресија врз Украина.
„Првите денови од агресијата овде немаше вооружени украински сили. Нашата одбрана беше сконцентрирана на истокот на државата и не очекувавме агресија од делот на Белорусија“.
Куршумите не го поштедија ниту овој споменик за кој жителите велат дека ќе остане тука, како спомен за овие случувања.
„За време на окупацијата, руските трупи беа овде кај домот на културата, беше нивна база од каде беа подготвени за напаѓаат од прозорците“.
Меѓу урнатините, уметниците нашле простор да го нацртаат ова дете како го победува Путин во џудо.
Тие што останале без кров над главата и не заминале од градот се сместени во овој камп изграден со странска помош.
За да слушне за случувањата, дојде и министерот за надворешни работи, Бујар Османи за прв пат како претседавач со ОБСЕ.
„Овде сум како претседавач на ОБСЕ за да изрази силна поддршка за Украинците кои страдавте многу во оваа агресија“, вели Бујар Османи.
„Овде не е како дома, но барем сме некаде, каде што сме безбедни и имаме храна“.
„Овој мост се наоѓа во околината на Киев, а е урнат од самите Украинци за да ги спречат руските сили да влезат во главниот град“, вели репортерот на ТВ21.
Украина е прв приоритет на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Во врска со ова министерот Османи го увери и украинскиот Министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.
„Северна Македонија, на чело на Организацијата, ќе служи како чувар на договорените начелна на ОБСЕ. Можете да се потпрете кај нас. Ние ги поддржуваме сите иницијативи кои водат до одржлив мир, со обезбедување на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина во рамките на меѓународно признаените граници и ќе поставиме основа за да разговараме на мирен начин за сите отворени прашања“, порача Бујар Османи.
„Му повторив и на мојот колега дека нашите очекување се дека единствениот пат за да се спаси ОБСЕ е да ја исфрли Русија како членка. За да се стигне до оваа точка треба да направиме се што е потребно за да ја лишиме Русија од секоја можност да влијае во одлучувањето во оваа организација“, додаде Дмитро Кулеба.
„Кон крајот на февруари се навршува една година од руската агресија во Украина. Русија продолжува да бомбардира и да ја уништува најважната инфраструктура на големите градови, посебно Киев, при што се оставени без струја и греење, а барањето на целиот западен свет а и пошироко е јасно, руската агресија треба веднаш да запре“, вели репортерот на ТВ21.
Бесир Арифи, Тв21, во живо од Украина
