ТВ21 во контролна кула на аеродром – „Без моја дозвола не смее ниту мотор на авион да вклучи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кои се обврските на пилотите пред да ги стартуваат моторите на авионот и да полетаат од пистата на Меѓународниот аеродром во Скопје?

ТВ21 ја посети контролната кула на Меѓународниот аеродром во Скопје, а одговор на ова прашање добивме директно од Наташа Крстевска – Мијата од Контролата на летови.

„Кога пилотот е спремен за полетување, треба најпрво да се јави кај мене, во фреквенција на кула и бара одобрение за стартување на моторите. Не смее ни да ги вклучи моторите, доколку нема одобрение од кулата на аеродромот кадешто се наоѓа“, вели Мијата.