Синоќа во Младеновац се случи масовно убиство во кое загинаа осум лица, а најмалку 14 се повредени, од кои неколку критично.
Напаѓачот Урош Б. е уапсен утрово по осумчасовна потрага во близина на Крагујевац.
Според неофицијалните информации, Урош Б. со неколку другари биле на игралиште во селото, по што настанала расправија и напаѓачот од автомобил пукал со автоматска пушка.
Во текот на целата операција во потрагата по убиецот, местото на надлетуваа хеликоптери на МВР на Србија.
Министерството за здравство се појави со апел за дарување на крв за помош на повредените.
Претседателот Александар Вучиќ најави вонредно обраќање во 10:30 часот.
