„По Италија, Палермо, екипата на ТВ21 пристигна во Порто, каде македонската фудбалска репрезентација утре на стадионот „Драгао“ ќе се соочи со Португалија во историскиот натпревар. Со евентуална победа над Португалците, Македонија ќе се пласира на СП во Катар во 2022 година“, истакна репортерот на ТВ21.
Но, колку Португалците ја познаваат репрезентацијата на Македонија и што мислат, кој ќе победи утре на стадионот „Драгао“. Ќе одиме во градот да ги прашаме граѓаните што мислат за македонскиот тим.
„Македонија“.
-А што мислите кој ќе победи?
„Португалија, сигурно. Македонија имаше среќа да ја совлада Италија“
– Дали познавате некој фудбалер од Македонија.
„Да Христов, Елмаз, Чурлинов“.
-Што мислите кој ќе победи?
„Португалија“.
-Дали сте од Португалија?
„Не, доаѓам од Германија“.
-Добро, тогаш, кој ќе го постигне голот?
„Жоао Феликс“.
-Познавате ли некој фудбалер од Македонија?
„Не“.
„Мислам дека Португалија ќе победи“.
„Македонија“.
-Зошто?
„Не знам ништо за фудбалот, но член на моето семејство е од Македонија“.
– Да, Португалија ќе игра со Македонија.
–Што мислите кој ќе победи?
„Португалија, сигурно“.
-Познавате ли некој фудбалер од Македонија?
„Не“.
Се сретнавме и со граѓанин од Македонија кој беше дојден да го следи натпреварот.
-Ја победивме Италија, сега можеме да ја освоиме Португалија, зошто да не?
„Зошто да не, нема што да изгубиме“.
-Што мислите, кој ќе даде гол.
„Трајковски, Елмаз, ќе се видиме“
Натпреварот Португалија – Македонија се игра утре на стадионот „Драгао“ со почеток од 20:45 часот.
