Уапсен наркобос од Грчец, еден од бараните во случајот „Планина“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 дознава дека уапсениот е еден наркобосовите кои се бараа со потерница во случајот „Планина“.


Денеска (19.09.2021) во 13.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода С.Б.(32) од с.Грчец, скопско. За него била распишана централна потерница за истрага. С.Б. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. 

Во акцијата пред неколку месеци, беше уапсено 21 лице, сите дилери на дрога, а наркобосовите тогаш избегаа.