Уапсени четири полицајци во Србија поради злоупотреба на службена положба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Секторот за внатрешна контрола, во повеќе операции уапсија четворица полицајци поради сомнение дека сториле различни кривични дела злоупотреба на службената положба и оддавање службена тајна.

Како што се наведува во соопштението на МВР, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и оддавање службена тајна, приведени се полициски службеници од полуциската управа Пирот Б.Т.(40) и М.К.(41).

Уапсен е и припадникот на полициската управа Јагодина И.Ж. (35), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело од Законот за тајност на податоците. За четвртото уапсено лице нема информации.

ФОТО: Архива