Уапсени возачите на автобусот и автомобилот по несреќата во Хрватска во која загинаа две лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватската полиција во текот на денот ги уапси возачите, кои во неделата наутро предизвикале сообраќајна несреќа во Хрватска на автопатот Загреб – Липовац, при што загинаа две лица, а 31 се повредени. Уапсен е возачот на автобусот, како и возачот на автомобилот со кој се судрил автобусот.

„Постои одговорност кај двајцата возачи за предизвикување на сообраќајна несреќа, а законот предвидува казна затвор до три години“, потврди Вјекослав Штингл, началник на сообраќајните полициски работи во Сисак.

Првично се појави информација дека автомобилот удрил во некое диво животно, но истата беше демантирана, и Штингл кажа дека на автопатот не биле пронајдени траги од дивеч.

Повеќемина патници од автобусот биле државјани на БиХ. Засега не е познат идентитетот на жртвите, а некои медиуми објавија дека меѓу повредените имало и деца.