Убиен 47-годишен маж од Боговиње, осомничениот е уапсен, мотивите не се познати, на убиството претходела вербална расправија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека седел во еден локал во Боговиње, 47 годишен маж со иницијали А. Џ. бил смртно застрелан. Осомничен за убиството е неговиот соселанец со иницијали М. М. , 50 годишен, кого веќе го уапсила полицијата.

-47 годишен маж од Боговиње е убиен во локалот кој е зад мене од страна на осомничениот М.М. 50 годишен од истото село. Осомничениот е уапсен во Тетово на улицата Цветан Димов од припадници на СВР Тетово додека се движел со возило БМВ. Потоа во возилото е пронајдено и оружјето. Тој во моментов се наоѓа во полициска станица а на местото на настанот се екипи на СВР Тетово и тетовското обвинителство-вели репортерот на ТВ21 Сенат Зилбехари.

Од обвинителството потврдија дека сторителот на делото е идентификуван и уапсен како и дека е пронајдено оружјето со кое е извршено убиството.

Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица. Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука.

Обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот како и наредба за прибирање докази од местото на настанот. Исто така се врши распит на сведоци на настанот и други лица.