Косовската јавност е во шок по денешното грозоморно убиство кое се случи во Приштина. Полицијата го уапси Скендер Красниќи, поранешен војник на ОВК, кој е главен осомничен за убиство на својот син Алберт Красниќи. Алберт е познат менаџер на повеќе музичари.
Убиството се случило во подрумот на нивната семејна куќа, а мотивите остануваат непознати.
„Околу 17:00 часот полицијата доби информација за убиство што се случило на улицата „Ндуе Перлеши“ во Приштина. Веднаш по добивањето на информацијата, полицијата излезе на местото на настанот и ги презема сите потребни активности што се состојат од истражување на околностите што го карактеризираат настанот. Едно лице е уапсено и одземено е оружје за кое постои сомневање дека е оружјето користено во случајот“, велат од полицијата.
Таткото наводно сам се пријавил после делото, но тоа не е потврдено.
