Србија е завиена во црно и во шок откако вчера тинејџер отвори оган во школо и уби 9 лица, а повреди други 6 од кои 2 се во критична состојба.
Обвинителството работи на откривање на мотивот, верзијата е дека делото е извршено бидејќи тој бил игнориран за време на одморите и екскурзиите.
Малолетникот имал список од 15 деца и наставници кои требало да бидат мета. За време на сослушувањето во полиција изјавил дека пукал бидејќи бил, цитирам „психопат и треба да се смирам“. Утрово разговаравме со еден од учениците од четври клас кој го слушнал пукањето.
„Чудно е да се оди на училиште сега, на место каде што се случи ова. Се чувствувам нереално. Непријатно е, тешко е. Ова се случи вчера на крајот од првиот час. Слушнавме истрел, прво не знаевме од каде доаѓа и дали е во училиштето. После тоа веднаш не задржаа сите во училниците. Тогаш знаевме дека нешто не е во ред, слушнавме дека стражарот бил погоден, а потоа дојде кулминацијата. Се влошуваше. Во училница не држеа половина час“, вели ученик.
Во голем дел од училиштата денеска настава нема, а одржан беше и протестен марш барајќи оставка од Министерот за образование. Јовица Пауноски, ТВ21, Белград, Србија.
