Убиство во Тетово, продолжување на неколку месечните преписки, потерница за едно лице

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата веќе има осомничен за вчерашното убиство во Тетово. Издадена е потерница за негово лишување од слобода на територија на Македонија.

„Од страна на инспектори извршени се службени разговори со лица – можни сведоци на настанот, извршени се дополнителни проверки, по кои веќе постојат основи на сомневање за можниот сторител на делото, издаден е централен распис за негово лишување од слобода“, велат од МВР.

Вчера, лицето Р.Т.(39) беше убиен со огнено оружје од автомобил во движење.

„Вчера околу 20:35 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата Штипска едно лице, од возилото ‘мерцедес, кое било во движење е пукано со огено оружје кон возило ‘БМВ‘, во кое било лицето со иницијали Р. Т. (39) од Тетово, кој од добиените повреди починало на лице место.
Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото и обезбедување на снимки од безбедносните камери.“, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Неофицијално, постојат сомнежи дека синоќешното убиство е поврзано со случајот од пред неколку месеци со судирите пред итната помош во Тетово, на која и претходела вербална пресметка пред тетовскиот суд.
При оваа пресметка со оружје на 11-ти јануари годинава, повредени беа двајца браќа од тетовското село Гајре, од кои едниот починал од здобиените повреди. Престрелката продолжила и по четири месеци, поточно на 11 април, со што во вечерните часови со автомат било пукано во правец на куќа на улицата „Илиниден“.