Училишното ѕвонче заѕвони само за три ученици, поради иселувањето во Вешала нема ниту едно прваче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во тетовското село Бозовце, училишното ѕвонче заѕвони само за три ученици, иако се запишани четири, но еден од нив денеска не беше присутен. Вкупно во оваа село има девет основци, но во ова училиште настава следат само првачињата, додека другите паралелки се префрлени во селото Вешала. Главна причина за малиот број ученици се тешките услови и иселувањето.

-Оваа година учениците имаме четири првачиња, две момчиња и две девојчиња. Тројца се пристигнати, еден уште не пристигнал, додека вкупниот број на ученици во ова училиште е девет ученици, изјави Нешат Мемети, наставник од Бозовце.

Воопшто не е подобра состојбата во подрачното училиште „Беса“ во село Вешала. Раководителот на оваа училиште, Емин Дењоли го прашавме дали го добиле унифицираниот буквар.

-Вчера, прв училишен ден, немаме ученици во прво одделение, зборувам за село Вешала, како да знам дали стигнал учебникот или не, изјави Емин Дењони, раководител на училиштето Вешала.

Колку ученици навистина има во двете периферни училишта во Бозовце и Вешала?

-Минатата година имавме 12 ученици, деветто одделение имаше двајца ученици, за среќа во Бозовце се запишени првачиња, четири ученици, за среќа имаме двајца ученици повеќе од лани. Во Вешала немаме паралелата од прво одделение и второ. Лани немавме ученици од петто одделение, а годинава шесто. Кога зборуваме за наставниците во село Вешала и Бозовце, 11 наставници работат во предметна настава и четворица во одделенска настава. Имаме технички персонал, еден во Бозовце и еден во Вешала, изјави Емин Дењони, раководител на училиштето Вешала.

Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами ја обвинува ДУИ за намалувањето на бројот на ученици, додека вели дека преку инвестиции во училиштата иселувањето ќе се намали.

-Како резултат на лошото менаџирање на ДУИ, бројот на ученици е намален за речиси 100 и речиси исто толку во средните училишта. Ние овде во училиштето Лирија и во другите училишта ќе продолжиме да инвестираме и да ги подобруваме условите за учениците, во подобрување на условите за живот на нашите граѓани, за да се запре овој негативен тренд, изјави Билал Касами, градоначалник на Тетово.

Само во првото полугодие минатата година во Тетово повеќе од 160 ученици побарале документи за заминување во странство. Намалувањето на наталитетот и масовната миграција предизвикаа секоја година да опаѓа бројот на ученици во Полошкиот регион.