Училишта и болници во Романија добија заканувачки пораки за вооружен масакр

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси 400 училишта и болници во Букурешт и низ целата земја добија пораки со закани за крвави злосторства, од вчера вечерта до утрово. Авторот тврди дека е вооружен и дека планира масакр.

Како што објавуваат романските медиуми, полицијата и тајните служби веќе направиле првични истраги и велат дека заканите се лажни и нема причина за загриженост.

Меѓутоа на училиштата и болниците им е наредено да ги зајакнат безбедносните мерки.

„Сите заслужувате да страдате, јас трпам болка секој ден, го мразам својот живот, па време е и вие да почувствувате истото“, пишува во испратената порака.

Заканата стигнала до 388 болници и училишта во неколку области, кои ја известиле полицијата, а романската разузнавачка служба се приклучила во истрагата.