Φудбалскиот свет во шок: Еден од најдобрите светски голмани откри дека имал рак

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден од најдобрите светски голмани на сите времиња Мануел Нојер, откри дека боледувал од рак на кожата на лицето, при што правел три операции.

Нојер пропушти голем дел од минатата сезона сите сметаа поради повреда, но тој имал поголем проблем.

„Три пати сум опериран од рак на кожа“, објави германскиот голман на „Инстаграм“, а откако му бил дијагностициран, се реши да инвестира во колекција за нега на кожа заедно со тенисерката Анџелика Кербер.

Нојер стана светски првак со Германија во 2014 година, а со Баерн Минхен освои 10 титули во низа. Два пати ја освои и Лигата на шампионите.

Минатата сезона на дуелот со Барселона, играше со фластер на лицето.