Денеска извршниот одбор на УЕФА имаше вонреден состанок, поради случувањата во Украина, и одлучија финалниот натпревар од Лигата на шампионите кој требаше да се игра во рускиот град Санкт Петербург, да биде преместен во Париз.
„Стад д Франс“ во Париз ќе биде домаќинот на големото финале, кое ќе се игра на 28 мај во 21 часот. Во комбинација беше и Лондон, но отпадна поради тоа што таму ќе се играат натпревари во плеј-офот од Чемпионшип.
Исто така УЕФА донесе одлука сите украински и руски тимови кои играат во европските натпреварувања, домашните натпревари да ги играат на неутрален терен.
