Угостителите и пејачите на протест, бараат да се отворат рестораните за свадби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со тричасовна блокада на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда, сопствениците на рестораните, студијата за фотографирање,пејачите на свадби го изразија револтот поради неможноста да организираат свадби. Бараат финансиска помош од Владата и протокол со кој ќе можат да се организираат свадби како и други забави.

-Бараме итно да се изготви Протокол за да почнеме со работа. Не бараме да организираме традиционални свадби, туку по Протокол како и другите ресторани-вели Екрем Емиши.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека угостителите доволно биле помогнати. Од Комисијата за заразни болести, пак, за ТВ21 објаснуваат дека поради постојаното менување на бројот на заразени, не можат да донесат препораки за ослободување на овие рестриктивни мерки. В понеделник, Комисијата ќе одржи средба, а можеби токму бараниот Протокол на угостителите ќе биде една од точките. Доколку не бидат повикани во Влада, најавуваат дека ќе излезат на протест и в понеделник и во вторник.