Украина воведе забрана за руски бродови да пловат по реките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски потпиша Закон за уредување на внатрешниот воден сообраќај по реките.

Со Законот се забранува пловидба на бродовите под руско знаме во внатрешноста од земјата, соопшти прес службата на кабинетот на претседателот.

„Се утврдуваат условите за работа на внатрешниот воден сообраќа. Се регулира прашањето на имоти потонати во реките, одговороност на имателите на вродови за прекршување на Законот“, се наведува во соопштението.

Владата го поддржа законот на 3. декември, а според текстот, е забранет влез на во Украина на бродови кои имаат знаме на „држави-агресори“. Украина во 2015 година усвои изјава во која ја нарекува Русија „држава-агресор“. Исто така се забранува и пловидба на бродовите кои припаѓаат на државјани на „државата-агресор“, како и на физички и правни лица, за кои ќе се применуваат специјални санкции.