Улична мачка го донесе своето болно маче во болница – медицинските лица веднаш и помогнаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фотографиите од уличната мачка која своето болно маче го донела во болница во Истанбул многу брзо се раширија по социјалните мрежи после објава на Твитер.

„Денеска бевме во приемот за итни случаи во болница кога една мачка влезе со своето младенче во устата“, напиша Мерер Озчан, кој прв ја објави фотографијата.

Турските медиуми објавија дека болничарите веднаш интервенирале и го испитале мачето.

Турците сè уште имаат голема почит кон уличните животни, па побрзаа загрижената мачка да ја смират и да му помогнат на мачето. По прегледот, мачката и мачето биле испратени на ветеринар само за да бидат сигурни дека се здрави.

Корисниците на социјалните мрежи се воодушевени од несебичното дело на болничкиот персонал во Турција.