„Улицата на поетите“ во Струга е уништена – искршени бистата и клупите, тревата покрила се!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Улицата на поетите“ во Струга е целосно уништена. Поради негрижата на институциите изгледа како заборавено место а не како место со историска и културна вредност на градот. Скршени се бистата и клупите, а тревата покрила се и има отпад насекаде. Опозициските партии велат дека за тоа е виновна општината.

За овој вандализам, пред неколку дена реагираше и општина Струга кои бараат органите на редот што поскоро да го откријат сторителот.

„Општина Струга остро реагира на овој злонамерен чин и ги повикуваме надлежните органи да преземат мерки за пронаоѓање на бистата, но и на сторителите на вандалското однесување. Воедно, апелираме и до стружани доколку имаат некаква информација да пријават во општината или во полициската станица во Струга. Струга е мултиетнички, мултикултурен и мултирелигиски град, а кохезијата што владее меѓу сите граѓани, без разлики, е уникатен пример за тоа како граѓаните содејствуваат и живеат заедно, на високо ниво на толеранција и разбирање во многу сфери од секојдневниот живот“, се вели во Фејсбук објавата на општина Струга.

Струга е позната како град на поезијата, но туристите кои ја посетуваат, тешко дека добиваат таков впечаток бидејќи нема ниту табли ниту податоци за овој дел на градот.