На пратениците не им е прекинат мандатот откако Собранието отиде во пауза поради предвремените избори кои требаше да се одржуваат во април годинава. Мандатот на овој парламентарен состав се прекинува кога се верификува мандатот на новите пратеници и поради тоа, според правникот, Насер Зибери, не претставува проблем доколку повторно се состанува Собранието.
„Во текот на овој период пратениците имаат мандат. Тие имаат имунитет. Тие реализираат приходи за задачата за која се избрани и на никој начин не може да се стави под знак прашалник нивниот мандат како пратеници, напротив. А за прашањето за функционирање на Парламентот, тоа е друга прашање и тоа е суспендирано со актот за распуштање и објавување на предвремени избори.“, рече Зибери.
Според правникот, Насер Зибери, во свиканата седница би се извршило само еден акт – утврдување на условите за прогласување вонредна состојба.
Бидејќи условите за прогласување вонредна состојба се исполнети од страна на Советот за национална безбедност и медицински експерти консултирани од претседателот Стево Пендаровски, Зибери проценува дека нема потреба да се свикува седница за оваа намена.
„Доколку Собранието се свика, ќе се разгледа прашање што е веќе потрошено и повторно ќе се распушти. Бидејќи вонредната состојба значи давање овластување на Владата и Претседателот да ги остварат овластувањата што се во надлежност на самиот Парламент. Значи, активноста на Собранието како целина, правно-законодавната активност е пренесена на двајца носители на моќ, значи на Владата и Претседателот.“, вели Зибери.
Но, дали свикувањето на седница за вонредната состојба може да создаде можност за верифицирање на уредбите донесени од Влада во име на вонредната состојба?
„Тоа прашање треба да констатира доколку евентуално се свика Собранието или следното Собрание по изборите.“, дополни Зибери.
Зибери како причина за не свикување на Собранието го наведува фактот дека земјата е на прагот на предвремени парламентарни избори, кои требаше да се одржат на 12 април, но беа откажани поради пандемијата на вирусот корона. Засега сè уште нема одлука за тоа кога ќе се одржат истите.
