Уништени посеви во Полог – Земјоделците: Нема со што да ги храниме говедата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дождот и градот кои паднаа вечерта на 5 јули ги уништија речиси сите посеви на Полошкото поле. Уништувањето е и до 90% на полињата со пченка, јачмен и пченица. Земјоделците се загрижени и велат дека нема ништо останато, бараат поддршка од државата бидејќи нема со што да ги хранат животните.

„Јас сум земјоделец и сточар, имам голема загуба од пченица, јачмен и пченка, дури и да не ме снабдува државата со пченка и пченица, морам да ги отстранам животните или да ги пуштам или да ги дадам некому затоа што немам повеќе моќ да ги чувам. Имам 150 хектари пченка и 200 хектари пченица“, вели Газменд Сејдини.

На петти овој месец катастрофа се случи овде, ви се јавивме да ви кажеме дека годинава штетите се поголеми, посевите кај кои 90% од јачменот се оштетен а и пченката“, додаде Насер Зулбехари.

„Го повикувам министерството да дојде и да преземе мерки, дојдете да се уверите, макар и да нема мерки, ние 90 што сме го закупиле земјиштето немаме договор, ние плаќаме кирија, некој ги добива и субвенциите пошто можеме со имотниот лист да издадеме се што бара општината. Ако нема проценка, ќе оставиме се така“, вели Нагип Јонузи

„Нормално ќе протестираме, како ќе преживееме? Дали општината бара имотен лист? Дали треба месец и пол да помине за општината да дојде, да формира и комисија, треба и министерството за земјоделство да се вклучи“, вели Авни Фидани.

Земјоделците од овој регион велат дека општината излегла на терен и формирала комисија, одговор побаравме и од Министерството за земјоделство, но до ова издание на вестите не добивме. Дали ќе има обештетување за земјоделците кои беа оштетени од невремето, останува нејасно.