Универзално тесто! Од него се прави се, a може да се користи една недела!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ако сакате слатки и солени деликатеси од тесто – меки, панцероти, лепчиња, кифлички, кроасани, бисквити, а мрзите да ги месите често, имаме одличен рецепт за вас!

Станува збор за универзално тесто кое е совршено меко и вкусно, а може да се користи за бројни специјалитети – од леб, колачи до разни кифлички.

Исто така е многу практичен бидејќи може да остане во фрижидер и до една недела, па можете да го земете доколку е потребно и да направите што сакате!

Потребни состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
  • 250 дл млеко
  • 1 пакување свеж квасец (50 g)
  • 2 чаши јогурт
  • 3 јајца
  • 2 чаши масло

Подготовка:

Соединете ги сите состојки и измешајте во голем сад. Изматете го мекото тесто и ставете го во најлонска кеса која претходно сте ја намачкале со масло.