Употребата на вакцината „Спутник V“ во Русија е можна од крајот на октомври

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Масовната употреба на вакцината за коронавирус „Спутник V“ во Русија може да започне од крајот на октомври или почетокот на ноември, изјави директорот на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев.

Тој рече дека производството на вакцината ќе биде првенствено насочено кон покривање на побарувачката во Русија, па се надева дека руската вакцина на Блискиот исток ќе добие одобрение за употреба во ноември.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрирала вакцина против коронавирус, наречена „Спутник V“, која е развиена од Институтот за истражување на епидемиологија и микробиологија од Гамалеја, пренесува Радио Слободна Европа.

Во Обединетите Арапски Емирати започнаа испитувања на луѓе на руската вакцина ковид-19, по започнувањето на испитувањата во Белорусија, пренесува Ројтерс.

Испитувањата за вакцини во Венецуела се очекува да започнат во блиска иднина.