Уште денеска и утре топло, потоа ветер и драстичен пад на температурите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стабилното време со релативно високи температури за овој период од годината ќе трае до утре попладне од кога се очекува промена на времето со засилен ветер и значително опаѓање на температурата.

Синоптичарите за денеска најавуваат максимална температура во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер со променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 13-тиот степен.

Утринава најстудено  е во Берово каде се измерени -3 степени, а еден под нулата е измерен во Петровец. Во останатите градови низ државата утринските температури се над нулата. Најтопло е во Дојран каде се измерени 6 степени, а топло е и во Маврово, Крушево, Битола и Виница каде се изремени 4 степени.

Снег, според Управата за хидрометеоролошки работи, има само на Попова Шапка каде висината на снежната покривка изнесува само пет сантиметри.