Ова не се сателитите на Илон Маск, туку ракетниот напад на Хамас кон Тел Авив синоќа. Ракетниот напад е резултат на стотиците повредени Палестинци од безбедносните сили на Израел за време на протестите пред два дена.
Сирените во градот го најавија нападот, а овој авион кој синоќа се најде и над Македонија не слета Тел Авив, па беше вратен во Франфурт.
Израелската војска и утрово продолжи со нападите кон појасот Газа. Хамас соопшти дека во ракетните напади уништени сите полициски станици на крајбрежната област. Израел тврди дека мета биле Хамас и неговото воено крило. Ова се најинтензивни напади, по бомбардирањето во 2014 година. Од понеделникот кога започнаа нападите убиени се над 43 палестинци, меѓу нив 13 деца и над 300 повредени. Жителите на Газа се евакуирани од своите домови.
„Дејствувавме за да ја заштитиме џамијата во Ал Акса од израелските агресија и тероризам. Нападнаа луѓе кои што се молат со шок бомби и солзавци, а почнаа и да ги тепаат луѓето, вклучувајќи ги и оние кои што нудеа прва помош на повредените луѓе. Овие напади беа постојани затоа што сакаа да ги избркаат луѓето надвор од џамијата“, посочи д-р Мустафа Баргути, генерален секретар на Палестинската национална иницијатива.
Од појасот Газа кон Израел досега се лансирани 1500 ракети. До немирите дојде откако Хамас постави ултиматум на Израел да ги повлече безбедносните сили од комплексот Ал Акса во окупираниот источен Ерусалим.
„Синоќа прв пат видовме дека ракетните погодија места длабоко во територијата на Израел. Нашите сили ги координираат активностите со израелската војска како би се подготвиле ако дојде до нови напади. Нападите се случуваат во бранови, отприлика 100-тина ракети во еден напад. Ситуацијата е сериозна, закани од Хамас се уште има“, изјави Мики Росенфелд, порпарол на полицијата во Израел.
Три дена израелската полиција упаѓа во компелсот џамии Ал-Акса, употребувајќи гумени крушуми, шок бомби и солзавци врз палестинските верници кои се молат на последниот ден пред Рамазан. Повеќе од 700 лица се повредени.
Од обвинителството и меѓународниот кривичен суд искажуваат загриженост поради ескалацијата на насилство и можноста за на палестинска територија започнати воени злосторства.
