Два моста се урнаа во руските региони кои граничат во Украина, предизвикувајќи два воза да излетаат од шините, при што загинаа најмалку седум лица, а десетици беа повредени.
Мост се урна врз автопат во курската област рано наутро во неделата кога товарен воз минувал низ него, соопшти в.д. гувернер на Курск, Александар Хинштеин, и Руските железници преку Телеграм.
„Дел од возот падна под мостот“, рече Хинштеин кој дополни дека локомотивата се запалила, но дека брзо бил изгаснат пожарот.
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) June 1, 2025
Уривањето на мостот Курск се случи неколку часа откако автопатски мост се урна на железничката пруга врз патнички воз во регионот Брјанск доцна во саботата, соопштија руското Министерство за вонредни ситуации и регионалните претставници.
Руски железници во објава на Телеграм соопштија дека мостот се срушил „како резултат на нелегално попречување на сообраќајот“.
Рускиот Телеграм канал База, кој често објавува информации од извори во безбедносните служби и агенциите за спроведување на законот, објави, без да даде докази, дека, според прелиминарните информации, мостот бил дигнат во воздух.
Засега нема никакви коментари од Украина.
Уривањето на мостовите се случува непосредно пред можен состанок меѓу Русија и Украина во Истанбул утре.
