Уште еднаш се огласи Зеленски: САД ни помогнаа да преживееме, остануваме стратешки партнери и покрај тешкиот дијалог

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После вчерашниот скандал со разговорот во Белата куќа помеѓу украинскиот претседател Володомир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, уште еднаш на социјалните мрежи се огласи Зеленски, кој се заблагодари на помошта.

„Помошта на Америка беше од витално значење за да ни помогне да преживееме, и сакам да го признаам тоа. И покрај тешкиот дијалог, ние остануваме стратешки партнери. Но, треба да бидеме искрени и директни едни со други за вистински да ги разбереме нашите заеднички цели“, напиша Зеленски.

Трамп го обвини Зеленски дека го носи светот кон Трета светска војна, и му рече дека не зависи се од него и тој ги нема картите за запирање на војната во моментот.

Зеленски напиша дека за Украина е круциална поддршката од Трамп.