Уште едно лице уапсено – разбиена мрежа за трговија со дрога во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште едно лице, поврзано со трговијата на дрога, е уапсено денеска во акција предводена од Основното јавно обвинителско за гонење организиран криминал и корупција во координација со МВР.

Вкупно досега бројката на уапсени лица е 22.

Над една година, овие лица од скопските населби Грчец, Гази Баба, Чаир и Сингелиќ биле следени во секој чекор, а полицијата утринава ја разбила оваа мрежа која тргувала со дрога.

„Ние имаме докази дека овие приведени лица, сториле кривично дело недозволена трговија со опојни дроги и прекурсори не сакавме пред акцијата да спроведеме финансиска истрага, се плашевме да не ни се пробие цела акција. Но од понеделник ве уверувам дека ќе почне и финансиска истрага.“, посочи Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: