Утре истекува рокот – Ќе биде ли дозволена настава со физичко присуство каде што има заразени?

НАШ ПРЕДЛОГ

Караџовски: Сите сме во опасност од Ковид-19, повозрасните се поризични, но може да почине и човек без хронично заболување

Сите сме во опасност од Ковид-19, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без...

НАТО донира 60 респиратори – Филипче: Ќе се користат во амбулатните возила

Во време кога се очекува драстичен пораст на заразени со Ковид-19, НАТО донира 60 респиратори за земјава...

Силен земјотрес во Турција и Грција, има загинати, стотици се повредени, се урнаа над 20 згради

За само неколку секунди облак од прашина се издигна над Измир. Од силниот земјотрес се урнаа неколку...

Утре истекува рокот за пријавување на училиштата за одржување настава со физичко присуство. Сите училишта кои сметаат дека ги исполнуваат условите имаат право да аплицираат за дозвола во Министерството за образование и наука најдоцна. Од МОН не ни одговорија колку барања добиле, само рекоа дека податоците се обработуваат. Вакво барање поднел и директорот на ОУ „Бајрам Шабани“ во Куманово, Мустафа Ебиби. Тој вели дека во ова училиште учениците можат да се вратат во нивните клупи, но дека проблем преставуваат децата од шесто одделение, паралелки каде има повеќе од 20 ученици.  

„Доставивме барање до МОН за да ни издаде дозвола за настава со физичко присуство. Најголем проблем се децата од шесто одделение, паралелки кои бројат од 22 до 26 ученици. Дадовме предлози во две варијанти –  да се поделат во групи или да се формира уште една паралелка, со цел да не останат само овие паралелки со онлајн настава“, посочи Мустафа Ебиби.

Иако поднеле барање за дозвола за физичко присуство, сепак училиштата се подготвуваат и за онлајн настава.

Пред три дена министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека во скопските училишта учениците нема да се вратат во училниците, освен децата до трето одделение. ТВ21 го праша – дали од ова се исклучени училиштата во Куманово, Прилеп, Тетово и Гостивар, каде има поголем број заразени со Ковид-19, меѓутоа не добивме конкретен одговор. Во одговорот што ни го испратија пишува:

„Донесениот став од Комисијата за заразни болести се однесува на сите општини, односно училишта. Препораката која ја даде Комисијата е во контекст на максимална претпазливост и превенција од понатамошно ширење на епидемијата од Ковид-19“, велат од МЗ.

Иако неколку училишта во Куманово, Прилеп и други општини ги исполнуваат условите и протоколите за одржување настава со физичко присуство, сепак останува неизвесно дали имаат право да организираат класична настава, поради епидемиолошката состојба во општините во кои има најголем број заразени со коронавирус.

ВИДЕО: Еве како изгледа моментот кога силниот земјотрес го потресе Измир

Видео снимка од безбедносна камера се појави на Твитер на која беше посочено дека тоа е моментот на потресот од силниот земјотрес...

Ниту еден пратеник или член на собраниските служби нема да оди во изолација поради контакт со Петровска

Ниту еден пратеник или службеник од Собранието нема да оди во изолација поради контакт со пратеничката Славјанка Петровска, која пред два дена...

35-годишниот пациент кој вчера почина на Инфективна од коронавирус немал претходни заболувања

Министерството за здравство потврди дека триесет и петгодишниот пациент кој вчера почина од коронавирус на Инфективната клиника во Скопје немал никакви претходни...

Ребалансот во Собрание, се чекаат парите за мерките за олеснување на влиијанието од ковид-кризата

Ребалансот на Буџетот за 2020 година, кој е втор годинава, поради корона-кризата, веќе е на пленарна седница од вчера. Неговото носење ја...

Караџовски: Сите сме во опасност од Ковид-19, повозрасните се поризични, но може да почине и човек без хронично заболување

Сите сме во опасност од Ковид-19, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување. Ова е опасно...