Утре напладне продолжува собраниската општа расправа за ребалансот на Буџетот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собранието утре напладне ќе ја продолжи општата расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот.

Во денешниот попладневен дел од 47-та седница, дискусијата главно се сведе на партиски препукувања.

Претходно, пратениците ги повторија ставовите, оние од СДСМ дека ребалансот е развоен и ќе овозможи инвестиции, а нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ дека е за предизборен поткуп и ќе поттикне нови непродуктивни трошења.

Во дополнетиот ребаланс на Буџетот се вметнати и осумте амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа почна во четвртокот, а може да трае пет дена.