Утре продолжува работата на Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За утре се свикани продолженијата на 21, 22, 25 и 26 пленарна седница во Собраниоет, информираат од таму.

Освен седницата за пратенички прашања,  Собранието немало пленарка цел месец.

На 16-ти февруари, обидот за одржување седница покажа дека парламентарното мнозинство е некомплетно поради неколку пратеници од ДУИ, меѓу кои, координаторот Изет Меџити.

Неприсуството на мнозинството од 62-ца го призна и Талат Џафери на редовниот брифинг со новинарите минатата недела.

Најави дека тоа не може да трае во недоглед и дека наскоро – ќе има разврска.