Утрово се запали камион со картонска амбалажа во Струмичко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Камион полн со картонска амбалажа утрово се запали во струмичкото село Куклуш.

Веднаш интервенираа пожарникарите кои со 3 возила и 9 пожарникари успеале да го изгаснат пожарот. Причинета е материјална штета.

„Денес, (среда) 17.02.2021 година во 06.30 часот во с.Куклиш, ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 9 пожарникари спасители учествуваше во гаснење на запалено товарно возило полно со картонска амбалажа. Опожарен е товарниот дел од возилото и самиот товар.“, велат од протипожарната бригада во Струмица.

Денес, (среда) 17.02.2021 година во 06.30 часот во с.Куклиш, ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 9 пожарникари спасители…

Posted by Пожарникари – Струмица on Tuesday, February 16, 2021