Утрово силен земјотрес во Хрватска, се тресеше во Шибеник, Сплит и околината – оштетени неколку објекти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер, се случи утрово во 5:59 часот во околината на Шибеник, а земјотресот бил почувствуван и во Сплит и околните места.

Епицентарот бил 13 километри југоисточно од Шибеник.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар прво јавил дека земјотресот бил со јачина од 4,7 степени.

Неколку граѓани пријавиле штета, особено се срушиле неколку ѕидови на објекти, а било оштетено и едно училиште. Јавено е дека и карпа паднала врз автомобил во близината на Сплит.

На крајот на минатата година во близината на Петриње се случи катастрофален земјотрес, а билансот беше четири загинати лица.