Немаме најскапа храна во регионот. Инфлацијата е статистичка бројка, а цените кај нас варираат бидејќи немаме домашно производство и 80 проценти од храната ја увезуваме. На инфлацијата влијаеле берзанските цени и тоа што пораснале платите во производството, поради недостатокот на работници. Ова се поентите на претставниците на бизнис заедницата во емисијата „Бизнис 21“ на тема зошто растат трошоците на живот кај нас и зошто имаме највисока инфлација во регионот? Според нив не се покачиле цените пред стартот на новогодишната кошничка, а таа е идеална и дава ефекти.
Новинар: Зошто вака кога ќе споредиме во регионот плаќаме меѓу најскапите храни?
Ѓорѓиевски: Со последната констатација не се согласувам. Не плаќаме, напротив, најефтина е. Еве конкретно лебот во Македонија, ќе се сложи и господинот тука од другата страна е најефтин во Европа. По испитувања на Евростат имате најефтин основен производ во Македонија.
Кога ќе ги споредиме платите со…
-Тој проблем го имаме како држава во последните 20 години, зошто нашето земјоделско производство е многу намалено. Ако ние како мелничка индустрија пред 20 години сме окупувале 200.000 тони домашна пченица, ние во последните 7 години не моќеме да откупиме повеќе од 60.000 тон домашна пченица, изјави Горан Малишиќ, претседател на мелничко-пекарската индустрија при СКСМ.
Според производителите пак, реалната цена на свинското месо во месарниците, треба да биде од 330 до 360 денари, односно 80 денари пониска од сегашната.
-Значи сепак цената ни е 100 денари да речеме повисока од таа што ја плаќаат граѓаните по маркетите и во месарите? Да ако не е 100 сигурно е 70-80 и ако се има желба, мислам дека треба да е намали цената, изјави Бојан Ѓорѓиевски, претседател на ЗПСМ „Македонско прасе“.
Бизнисот смета дека Законот за нефер трговски практики, до година, ќе може да помогне со цените и да ги стави во ред високите маржи на трговците.
Новинар: А како бизнис заедница гледате нефер трговски практики во последниов период или и претходно од некои компании?
-Да има сеуште ни доаѓаат информации дека има сеуште нефер трговски практики од страна на трговците. Голем дел од компаниите ги детектирале и ги презентирале пред државните органи, да бидат свесни се тоа што се случува, вели Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на ССКМ.
–Да донесе ефекти каде што ќе ги регулира тие моќни трговци, како што ги спомна господинот Ѓорѓиевски, кои не само што прават штета на компаниите, малите компании, туку прават штета и на граѓаните, изјави Горан Малишиќ, претседател на мелничко-пекарската индустрија при СКСМ.
Претставниците на бизнис заедницата се согласни дека е крајно време за државна стратегија за зголемување на домашното производство на храна.
