После трагедијата во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, синоќа во Младеновац Урош Б. во напад со автоматско оружје, убил осум лица и ранил најмалку 13 лица. Од нив, неколку дури седум се во животозагрозувачка состојба, па се стравува дека билансот ќе биде уште пострашен.
Додека Србија и натаму не можеше да се опорави од шокот кој го приреди 13-годишен ученик, влегувајќи во училиштето и убивајќи осум деца и домарот, синоќа во селото Дубона во близина на Младеновац нова трагедија.
Наводно убиецот седел со друштво, при што започнала расправија, по што тој заминал дома, го земал оружјето во рака, и почнал да пука.
Прво убил 21-годишен полицаец и неговата сестра. Според информациите, тој пукал и во соседното село, а и понатаму се трага по напаѓачот.
На социјалните мрежи кружи снимка од убиецот Урош.

Во Србија од денеска стапува на сила тродневна жалост поради жртвите во училиштето „Владислав Рибникар“. Надлежните најавија прес-конференции за денеска, на кои ќе бидат објаснети повеќе детали околу масовното убиство во Младеновац.
