Ракометарите на Вардар обезбедија учество на Фајнл-фор турнирот во СЕХА со севкупната победа против Загреб, но нема да играат на Ф4 во Задар поради одлуката на челниците на Лигата да го исфрлат „црвено-црниот“ тим поради еден случај на коронавирус.
Оваа одлука беше донесена вчера откако на тестирањата, се покажа дека има еден случај во редовите на Вардар, па така СЕХА одлучи на Ф4 да патува Загреб.
Навивачите на „црвено-црните“ се разочарани од ваквата одлука, а огорчени беа и од раководството и стручниот штаб како и ракометарите. И така наместо вчера од Загреб да патуваат во Задар на Ф4, целокупната експедиција се упати кон Скопје.
