Васоски за настапот на ЕУРО: Ова се моменти кои никогаш нема да се заборават, човек да се наежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот репрезентативец Александар Васоски е гостин во „10 МИНУТИ“ на ТВ21. Разговараме за вчерашниот натпревар и деби настапот на Македонија на Европското првенство.

Тој кажа дека ова се моменти кои никогаш нема да се заборават, особено при инотнирањето на химната.

„Ова се моменти кои никогаш нема да се заборават, едноставно човек да се наежи, па ако е некој поемотивен може и да заплаче“, вели Васоски.

Васоски го коментираше натпреварот, и дека головите по наша грешка во финишот не чинеа пораз.

„Влеговме во мечот некако како под грч, а потоа примивме гол по една грешка во потесната одбрана и тоа во миговите кога на некој начин воспоставивме рамнотежа на теренот. Потоа постигнавме гол, се вративме, а во вториот дел имавме две прилики преку полуконтра и контра каде што доколку дадовме гол за 2:1, ќе заминеше мечот во друг правец. Ова е Европско првенство, мора да си концентриран цел натпревар. Потоа примивме втор гол по наша грешка, а потоа исто трет гол по наша грешка, и за жал го загубивме мечот“, рече Васоски.