Ватикан објави нови информации за здравствената состојбата на папата Франциск

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Франциск имал две епизоди на „акутна респираторна инсуфициенција, соопшти Ватикан.

Во соопштението се вели: Денеска Светиот Отец имаше две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, предизвикана од значително акумулирање на ендобронхијална слуз и последователен бронхоспазам.

Тие понатаму наведуваат дека се направени две бронхоскопии, со потреба од аспирација на обилен секрет.

„Неинвазивната механичка вентилација продолжи и попладне. Светиот отец остана буден, ориентиран и соработлив. Прогнозата останува резервирана“, се заклучува во соопштението од Ватикан.